Пеп Гардиола „им честиташе“ на Ливерпул за титулата!

Не, не се предаде, само беше ироничен.

После шокантниот пораз во Норвич, менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гардиола иронично им честиташе на Ливерпул.

Редсите вчера славеа со победа над Њукасл со резултат од 3:1, а неколку часа подоцна Манчестер Сити беше поразен од Норвич со резултат од 3:2 и сега е на минус пет бодови во однос на Редсите.

„Пет бодови(Позади Ливерпул) се пет бодови – но сеуште сме септември“, изјави Пеп и додаде:

„Што треба да направам? Можеби треба да кажам:’Им честитам на Ливерпул, шампиони се!’. Ни во една секунда не посомневав во своите играчи“.

Гардиола одби да ги критикува своите играчи и покрај грешките кои беа видливи, посебно во делот на одбраната, а Николас Отаменди благо кажано беше – очаен.

„Фудбалот е брз, во секој момент работите можат да тргнат кон лошо и мора да видам што треба да направам за да им помогнам. Понекогаш забораваме дека и тие се дел од нас луѓето. Грешки се случуваат, на Отаменди никој не му кажа дека му доаѓа противничкиот играч позади грб…“, го бранеше Пеп своите играчи.