Пеп гради страшен тим: Договори уште еден фудбалер од Бундеслигата!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Гвардиола доведува уште едно засилување од Бундеслигата

Манчестер Сити наводно веќе договори уште еден трансфер, повторно од Бундеслигата.

Новиот тренер на Сити Пеп Гвардиола одлично ја познава ситуацијата во Бундеслигата, па така порано од Бундеслигата го доведе Илкај Гундоган, а се чини дека на Итихад од Германија ќе дојде уште еден играч.

Како што стојат работите, Сити на Пеп за 47 милиони евра го купи одличниот фудбалер на Шалке Лерој Сане.

Сане е еден од најталентираните играчи во Европа, а игра на позиција офанзивен играч за врска/крило и има 20 години.

Пред Шалке играше и за Баер.

Во дресот на германската репрезентација собра три настапи, а Сити ќе доведе уште најмалку двајца играчи.