Пеп Гвардиола го откри својот најтежок пораз: Беа фантастични


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола во едно интервју говореше на разни теми, а некои од нив беа и Барселона, како и најголемите порази во кариерата, но и Манчестер Сити.

„Ова е тим кој пред десетина години се бореше да остане во лигата, а видете каде е сега. Бараат од нас да ја освоиме ЛШ и тоа е добро, бидејќи сакаат клубот да биде уште подобар. Светот нема да запре доколку не го освоиме ова натпреварување, но ќе дадеме се од себе“, изјави Гвардиола.

Говореше и за Барселона, како и околу нивниот пораз од Ливерпул во минатата сезона во ЛШ.

„Нивото на фудбал во Шпанија многу порасна. Тренерите се одлични, играчите исто така, а во два натпревари се е можно и тоа се виде во примерот на Барселона. Но, не грижете се вие за Барса, ќе се врати таа“, додаде Пеп.

Призна дека најтежок пораз во кариерата му бил кога Реал Мадрид го победи Баерн Минхен на Алианц Арената со 4-0, додека тој беше тренер на Баварците.

„Тоа е најтежок пораз во кариерата. Ја превземав кривицата за него. Имаше многу нелогични потези од моја страна, а тие беа фантастични“, заврши Пеп.