Пеп Гвардиола одговори на шпекулациите за заминувањето на Махрез


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во последните неколку денови се пишуваше дека Ријад Махрез е незадоволен во Манчестер Сити и ќе бара во летниот преоден рок да биде продаден.

Алжирецот пристигна на „Итихад“ на почетокот на оваа сезона за сума од 60 милиони фунти, но не се изнаигра баш најмногу под водство на Гвардиола.

„Ријад Махрез ќе биде со нас и следната сезона, и таа по нејзе и таа по нејзе. Не мора да зборувам со него. Знае дека сме среќни и задоволни од неговите настапи“ –истакна Гвардиола.