Пеп Гвардиола се извини по шегата за „самоповредување“: Знам дека згрешив


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Пеп Гвардиола се извини за коментарот во кој се спомнува самоповредување на неговата прес-конференција по натпреварот на Манчестер Сити против Фејенорд.

Тренерот на Манчестер Сити беше прашан на прес-конференцијата за повредата на неговиот нос, додека и гребаници беа видливи на неговата глава.

Гвардиола сега на социјалните мрежи објави кратко соопштение, инсистирајќи дека не сакал да го омаловажи прашањето за „самоповредување“.

„Бев изненаден со прашањето на крајот од прес-конференцијата претходната вечер за гребаницата која се појави на моето лице и објаснив дека нокотот случајно ми ја направил“, напиша Гвардиола.

„Мојот одговор не беше никако наменет да го омаловажи многу сериозниот проблем на самоповредување. Знам дека многу луѓе имаат потешкотии со менталното здравје секој ден, и сакам да го искорисам овој момент да истакнам еден од начините како луѓето можат да добијат помош, преку јавување на линијата на Самаритани на 116 123 или да пишат на [email protected]“, додаде Пеп.