Пеп не се шегува, Лисица и браќата од Мадрид следни мети


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Потенцијална бомба на островот – најдобриот фудбалер на ПЛ е најблиску до Манчестер Сити. Покрај него, Гвардиола ги сака и браќата од Атлетико Мадрид.

Според Франс Фудбал, Ријад Марез би можел да биде новата бомба на Манчестер Сити.

Како што беше пренесено денес, неговата цена изнесува 55 милиони евра што нема да претставува проблем за граѓаните.

Ако стигна Марез, Хесус Навас најверојатно ќе биде продаден и тоа во Севиља.

Покрај Марез, Пеп ги сака и браќата Ернандез од Атлетико Мадрид. Постариот е Лукас кој минатата сезона дебитираше кај Диего Симеоне. Една година е помлад Тео кој е играч за врска, но досега не доби шанса да дебитира за првиот тим на Атлетико.

Гвардиола двајцата браќа би можел да ги доведе за 31 милион евра, Лукас вреди 25, Тео 6 милиони евра.