Пеп откри дали ќе се носат засилувања во јануарскиот преоден рок

Шпанскиот стратег од Манчестер Сити, Пеп Гвардиола на денешната прес конференција во пресрет на натпреварот со Арсенал даде свое видување и за трансфер активностите на неговиот тим во јануари.

Се шпекулира дека Манчестер Сити е заинтересиран во своите редови да донесе стопер, а меѓу играчите кои се поврзуваат со Сити се Чаглар Сојунчу од Лестер и Натан Аке од Борнмут.

Сепак, Гвардиола потврди дека клубот нема да носи нови фудбалери во јануарскиот преоден рок.
„Со играчите со кои ја започнавме сезоната истата и ќе ја завршиме. Ако нешто се случи, тоа ќе биде во летниот преоден рок“ –дециден беше Гвардиола.