Пепе Реина се враќа во Премиер лигата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Искусниот шпански голман, Пепе Реина би можел да се врати во Премиер лигата по неколкуте години поминати во Серија А.

Реина ќе си замине од Милан овој јануари и ќе се пресели во тимот на Астон Вила. Клубот од Бирмингем е во потрага по голман по повредата на првиот избор Том Хитон кој ќе отсуствува од терените до крајот на сезоната.

Милан пак веднаш ја пронајде замената за Реина, па во следниот период ќе тргне по Емилио Вивијано кој треба да биде резервна опција на Донарума.