Переира: Не ме изненади елиминацијата на Италија, Македонија има борбен тим!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Дефанзивецот Данило Переира ѝ помогна на Португалија да слави против Турција со 3-1 и така да обезбеди место во финалето на баражот за пласман на Мундијалот во Катар, каде што ќе играат против Македонија.

Португалија вчера се коцкаше, но сепак обезбеди место во финалето, а Переира имаше што да каже за Италијанците по крајот на натпреварот.

„Не сум изненаден од елиминацијата на Италија. Навистина не ми е чудно. Македонија имаше одличен квалификациски циклус, тие имаат добар и борбен тим. Знаеме дека се организирана репрезентација и чесно ја совладаа Италија. За мене тоа не е изненадување“, вели Переира.