Перез договара фудбалер кој е „срцето“ на Баерн Минхен


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Флорентино Перез создава моќен тим со кој сака да ги освои сите титули во следната сезона, а на неговата листа со желби има уште еден фудбалер на Баерн Минхен.

Перез сака да го ангажира Џошуа Кимих кој не е задоволен во Минхен и би можел да замине за сума од 80-90 милиони евра.

Познатиот новинар на „Скај“, Флоријан Плетенбург објави дека ниту Кимих повеќе не ја исклучува можноста да го напушти германскиот гигант.

Неколку тимови се заинтересирани за Кимих, меѓу кои се Ливерпул, Арсенал, Манчестер сити и Барселона, но Реал Мадрид наводно има предност пред останатите гиганти.

„Кралевите“ ова лето треба да ги ангажираат и Килијан Мбапе од ПСЖ, но и Алфонсо Дејвис од Баерн Минхен.