Перез ги изненади сите со конечната одлука за ова лето


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид го заврши летниот преоден рок со ангажманот на голманот Кепа Аризабалага. Претседателот на клубот, Флорентино Перез наводно немал намера да купува нови играчи.

Дури ни повредата на Едер Милитао не го натера Реал да побара негова замена затоа што Перез им верува на Антонио Рудигер, Давид Алба и Начо Фернандез.

Повредениот Тибо Куртоа ќе биде заменет од Кепа, кој е на позајмица до јуни 2024 година, а претходно пристигнаа и Фран Гарсија, Џуд Белингам, Хоселу, Брахим Дијаз и Арда Ѓулер.

Екипата од Мадрид ја напуштија Карим Бензема, Марко Асенсио, Еден Азар, Маријано Дијаз и Хесус Ваљехо.