Перез го навредуваше, а сега Фиго кажа што мисли за неговата изјава

Легендарниот португалски фудбалер Луис Фиго не е лут на претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, кој во негативен контекст го споменуваше во аудио снимките кои минатата недела ги објави „Ел Конфиденсијал“.

На мета на Перез се најдоа голем број фудбалери за кои зборуваше, па така тој ги навредуваше Месут Озил, Кристијано Роналдо, Раул Гонзалес, Икер Касиљас, Жозе Мурињо и други.

„Беше кучкин син, баш како и Раул. Тие двајца беа најлоши. Кога стигна Фиго, веднаш се спријатели со Раул“, вели Перез.

Португалецот, меѓутоа, ниту по овие зборови не го нападна Перез.

„Разговаравме и се извини. Во приватен разговор може да се појават изрази надвор од контекстот. За мене тој случај е завршен“, вели Фиго.