Перез мисли на иднината: Реал Мадрид добива бесплатно засилување од Наполи?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шпанскиот гигант Реал Мадрид во моментов бара засилувања во нападот затоа што тренерот Карло Анчелоти може да смета само на Карим Бензема.

Претседателот на клубот Флорентино Перез веќе мисли и на следното лето и потенцијалните трансфери, а познатиот новинар Фабрицио Романо ги објави неговите планови.

„Кралевите“ се заинтересирани за Фабијан Руиз кој ќе биде слободен играч од следното лето, но многу работи зависат од тоа што ќе се случи во Наполи во текот на август.

Анчелоти е заинтересиран за услугите на Фабијан, а искусниот фудбалер нема ништо против да го облече дресот на актуелниот европски шампион.