Перез мора да исплати бонус од милион евра за трансфер реализиран пред 13 години


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


При реализирање на трансфери често се вметнуваат клаузули во договорите на тимовите, па така Лион ќе заработи милион евра поради наградата на Карим Бензема.

Бензема беше прогласен за најдобар играч во 2022 година, а Реал пред 13 години се согласил да му исплати милион евра ако се случи тоа.

„Л’Екип“ објави дека францускиот клуб ќе добие милион евра поради клаузулата која била вметната во трансферот вреден 35 милиони евра.

Во меѓувреме Бензема стана втор најдобар стрелец во историјата на „кралевите“, а со Реал има договор на уште една сезона, кој сигурно ќе го продолжи до јуни 2024 година, но сепак официјална потврда се очекува во следниот период.