Перез планира засилувања на две позиции во јануари


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Шпанскиот гигант Реал Мадрид има големи проблеми на почетокот на сезоната и разочара со нивните резултати, а посебно критикувана е одбраната на клубот.

Претседателот на „кралевите“, Флорентино Перез реши веднаш да се активира и ќе се обиде во следниот преоден рок да купи две засилувања.

Перез бара ново засилување во одбраната, и тоа еден централен дефанзивец и еден десен бек, а трансферите би сакал да ги реализира уште во јануари.

Едно од потенцијалните засилувања е Трент Александер-Арнолд од Ливерпул, додека други имиња засега не се откриваат.