Перез со нова понуда ќе го убедува Бензема да остане во Мадрид


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Карим Бензема има договор со Реал Мадрид до 30 јуни, по што станува слободен играч и може да бира каде ќе ја продолжи кариерата, а веќе доби примамлива понуда од Саудиска Арабија.

Бензема веќе се имаше договорено за нова соработка со „кралевите“, но понудата од С. Арабија му ги смени плановите и сега претседателот на шпанскиот гигант Флорентино Перез бара начин како да го задржи Французинот.

„Марка“ пишува дека Перез му кажал на Бензема дека ќе добие важна улога во раководството ан тимот, ако остана во Мадрид и ја заврши кариерата во шпанскиот гигант.

Засега не е познат ставот на Бензема, кој пред неколку дена кажа дека сè уште ништо не решил и се очекува неговата одлука во следните денови.