Перишиќ си договори трансфер во Англија?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Хрватскиот фудбалер Иван Перишиќ го напушта Интер, а кариерата треба да ја продолжи во англиската Премиерлига.

Одличниот 33-годишен фудбалер наводно постигнал договор со екипата на Тотенхем и наскоро ќе потпише договор со лондонскиот тим.

Перишиќ како слободен играч може да преговара со други клубови, а за него интересот беше огромен затоа што го сакаа и Јувентус и Челси.

Хрватот со години се поврзуваше со преселба во Премиерлигата, но сепак на 33 години си оди од Интер и Италија.

Зад него е уште една добра сезона со Интер со кој го освои трофејот во Купо, а го освои и второто место во Серија А.