Пешевски: Македонија може мирно да спие, имаме светла иднина


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот ракометар Жарко Пешевски кажа дека победата против Швајцарија била заслужена и се надева дека ќе биде пресвртница за Македонија.

Македонија одигра одличен меч против Швајцарија и славеше со 29-27, а Пешевски посочи дека репрезентацијата ја чекаат подобри денови.

„Сите знаевме дека Швајцарија ни беше последната шанса за победа. Живеевме од првиот ден за да ја израдуваме Македонија. Ова беше наш најдобар настап. Тука сме да ја поправиме нашата иднина, иако некој се сомнева во нас, треба мирно да спие зашто тука има ракомет“, кажа Пешевски.