Пешиќ: Се случуваа чудни работи на теренот, но горд сум на моите кошаркари


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Србија одигра одличен меч против САД, но загуби со 91-95 во борбата за финале на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Париз.

Селекторот на нашиот северен сосед, Светислав Пешиќ кажа дека е горд како одиграле неговите кошаркари, но на крајот победникот го решиле неколку ситуации.

„Не сум лут, туку горд на моите кошаркари. Не барам изговори, јас сум лут само затоа што не добивме почит од судиите, се случуваа чудни работи на теренот“, кажа Пешиќ.