Пет причини поради кои Светското Првенство во Катар ќе биде поразлично од другите


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Првите натпреварувачи пристигнуваат во престолнината на Катар за порано да се припремаат и да се навикнат на временските услови кои преовладуваат во оваа арапска земја. Организаторите вложија големи напори за светските атлетичари да бидат сместени во најдобри услови.

Ова првенство и на многумина ќе им биде поразлично од поранешните, а еве и зошто:

1) Системи за разладување
Светските првенства во атлетика обично се одржуваат на средината на летото, но управата на IAAF во Катар направија мала измена за оваа традиција и ги поместија натпреварите за на крајот на септември и почетокот на октомври. Причина за тоа се незамисливите жештини кои преовладуваат во тој дел од годината во Катар.
За секој случај, организаторите ништо не пропуштаат на случајот бидејќи системите за разладување веќе се вградени во стадионот Калифа на кој ќе одвива ова натпреварување и веќе се спремни за употреба. На оваа револуционарна технологија температурата може да се прилагоди на удобни 24 до 26 степени, што за натпреварување е одлично.

2) Домашни адети за медалите
Катар на ова првенство има на што да се надева кога се во прашање медалите. Домаќините најголеми надежи покажаа кон Мутаз Баршима (Скокач во висина) кој после долга пауза се враќа на Светското Првенство каде што ќе го брани златото освоено во Лондон пред две години и кон тркачот на 400 метри со пречка Аберхман Самба кој моментално е второ-пласиран во оваа категорија.

3) Реклами на дресовите
Ова првенство ќе биде специфично и по тоа што натпреварувачите по прв пат на маиците ќе можат да носат лого на спонзори и сојузи од кои доаѓаат.
„Секоја година се трудиме да воведеме некои новини, така ќе биде и овој пат. Мораме да го извлечеме максимумот од секој дел на финансискиот потенцијал, а Катар е одлична прилика за тоа“, прокоментира Себастијан Кое, првиот човек на IAAF.

4) Ноќен маратон
За додатно да се избегнат денските горештини, организаторите донесоа одлука дека маратонот ќе мора да се префрли во вечерните часови со едночасовни интервали за да им се обезбеди на натпреварувачите што подобри услови за трка.
Ова ќе биде првиот ноќен маратон кој ќе биде одржан на Светкото Првенство, а ќе трчаат и мажи и жени. Светската рекордерка и повеќекратна светска шампионка во маратонот, Паула Радклиф со нетрпение го очекува почетокот на маратонот.
„Тоа ќе биде многу интересен натпревар, а посебно ќе биде затоа што ќе биде на полноќ“, изјави светската шампионка од 2005. година.

5) Доаѓа нова генерација на атлетичари
На ова издание на Светското Првенство по прв пат нема да гледаме некои од најголемите звезди како што е Усеин Болт после цели 16 години, но затоа тука се некои нови учесници.

Новата генерација на атлетичари ја предводат американските спринтерски асови како што се Ноа Лилс и Мајкл Норман. Во натпреварот во женска конкуренција треба да се внимава на натпреварувачката во троскок и европската шампионка Дина Ашер-Смит од Велика Британија и сензацијата која ни доаѓа од Кенија, Беатрис Чепкоеч.