Петиција во С. Арабија за депортација на Роналдо (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кристијано Роналдо постигна 11 голови во 13 настапи за Ал Наср, но неговата екипа ја испушти лидерската позиција на табелата и најверојатно ќе ја загуби титулата во домашниот шампионат.

Најплатениот фудбалер во светот се соочува и со сериозни проблеми и наскоро би можел да замине од Ал Наср поради непристоен потег кон навивачите.

Роналдо доби провокации од трибините, кога навивачите скандираа „Меси, Меси“, по што се фати за меѓуножјето, а тоа предизвика револт кај јавноста која побара депортација на фудбалерот.

Поради ова адвокатката Нуф Бин Ахмед најави кривична пријава против Роналдо, а навивачите почнаа петиција за депортација на Португалецот.