Пиоли е свесен дека Милан уште „ништо не постигнал“ – предизвиците допрва доаѓаат!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренерот на Милан, Стефано Пиоли знае дека Милан е многу блиску до пласман во Лигата на шампиони (ЛШ), но уште не им е обезбедена позицијата во елитното натпреварување.

Милан во неделата го совлада Јувентус со 3-0 и така се приближи до пласман во ЛШ, а на „росонерите“ им недостигаат уште две победи на следните три меча, кои ги играат против Торино, Каљари и Аталанта.

„Мораме да имаме рамнотежа. Не ни влијаеше поразот од Лацио, а нема ниту триумфот против Јувентус. Не смееме да ја изгубиме концентрацијата. Потребни ни се уште бодови. Свесни сме за ситуацијата. Може да славиме само кога официјално ќе се пласираме во ЛШ“, вели Пиоли.

Пиоли се надева и дека ривалите на Милан ќе направат некој кикс во битката за топ-4 позициите во калчолигата, но такво нешто е тешко за очекување.