Пиоли го оживеа Милан и ќе добие нов договор!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Милан игра одлично оваа сезона, па во моментов е на делба на првата позиција заедно со Наполи, а добрите резултати ќе му донесат нов договор на тренерот Стефано Пиоли.

„Газета дело Спорт“ објави дека Пиоли преговара со раководството на „росонерите“ за нова соработка, а такво нешто заслужи затоа што го врати Милан по седум години во Лигата на шампиони, а сега се бори и за Скудетото

Двете страни биле блиску до постигнување на договор, кој ќе важи до 2024 година, а Пиоли според него ќе добива по три милиони евра годишно.

Пиоли пристигна во Милано пред две години и никој не очекуваше премногу од него, но тој ги изненади навивачите на позитивен начин.