Пиоли: Ибрахимовиќ беше лут затоа што знаеше дека можевме порано да го завршиме мечот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Росонерите синоќа успеаа да запишат нови и важни три бода на натпреварот против Торино и се пробија до осмото место, па сега борбата за Европа не е невозможна за овој тим.

Единствениот гол го видовме во 25. минута кога Кастељехо му асистираше на Ребиќ, кој ја затресе мрежата на Торино. Милан можеше да слави и поубедливо, но играчите на овој тим во второто полувреме пропуштија неколку неверојатни шанси.

По мечот, Златан Ибрахимовиќ беше видно лут, но не беше јасно поради што. Но, тренерот на тимот Пиоли објасни дека тоа е поради фактот што тимот не постигна повеќе голови.

„Златан беше лут бидејќи знаеше дека можевме да одиграме подобро вечерва и дека требаше натпреварот да го завршиме порано. Драго ми е што е полн со желба за победи и е многу амбициозен, а ова го гледа целиот тим“, изјави Пиоли по натпреварот.