Пиоли: Имаме една шанса против Интер и мора да ја искористиме!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Милан ги чека пеколен меч во реваншот против Интер во полуфиналето на Лигата на шампиони затоа што избраниците на Стефано Пиоли ќе бркаат негатива од 0-2.

Пиоли најави голема борба во вечното дерби, а се надева дека ќе може Рафаел Леао да му помогне да изборат финале во елитното европско натпреварување.

„Атмосферата во клубот е добра и знаеме дека имаме шанси. Сите се фокусирани и решени дека можеме да ја свртиме ситуацијата во наша корист. Малкумина мислеа дека ќе стигнеме до полуфинале, но ние покажавме дека можеме и многу повеќе од тоа. Имаме една шанса против Интер и мора да ја искористиме“, кажа Пиоли.