Пиоли: Милан работи напорно за да си ги оствари соништата!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Милан ја совлада Сампдорија со 1-0, па така го презема лидерското место во Серија А пред Интер и Наполи, а тренерот Стефано Пиоли е задоволен со играта на неговата екипа.

Голманот на Милан, Мајк Мањан го пронајде Рафаел Леао, кој успеа да го совлада противничкиот чувар на мрежата за единствениот гол на натпреварот.

„Росонерите“ за само една недела ги совладаа Интер и Сампдорија во Серија А, но и Лацио со 4-0 во Купот.

„Ова беше перфектна недела за нас. Имаше потешкотии и тешки натпревари, но мора да победуваме. Милан има идентитет во моментов“, вели Пиоли.

Пиоли доби прашање за тоа дали Милан може да го освои Скудетото.

„Работиме напорно за да си ги оствариме соништата“, кажа тренерот на Милан.