Пиоли откри која му е слаба точка на Милан


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Милан игра одлично сезонава, па по 10 одиграни кола се наоѓа на првата позиција во Серија А, а тренерот Стефано Пиоли зборуваше и за слабостите кои ги има екипата.

„Росонерите“ на 10 натпревари во Серија А примија дури девет гола, а седум од нив беа од прекини, па тоа очигледно е слаба точка на Милан сезонава, за која Пиоли кажа дека ќе мора повеќе да работат.

„Против Наполи го примивме последниот гол од отворена игра, мораме да бидеме повеќе внимателни кога се прекините во прашање“, кажа Пиоли.