Пиоли позитивен на коронавирус, откажан тренингот на Милан!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Милан утрово потврди дека коронавирусот создал нови проблеми на тимот. „Росонерите“ на социјалните мрежи објавија дека тренерот Стефано Пиоли е позитивен на вирусот.

Пиоли се тестираше во текот на вчерашниот ден, па сега се наоѓа во самоизолација и во моментов не покажува никакви симптоми на ковид-19.

„Милан сака да соопшти дека Стефано Пиоли е позитивен на вирусот, откако утрово пристигнаа резултатите од тестовите. Тренерот нема симптоми и се наоѓа во самоизолација. Останатите тестови се негативни“, велат од Милано.

Клубот потврди дека денешниот тренинг е одложен, а подготвките за мечот против Наполи ќе продолжат во понеделник.