Пиоли се договорил со Милан за нова соработка?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Милан водеше преговори со тренерот Стефано Пиоли и се договори за нова соработка, а информацијата прва ја објави „Газета дело Спорт“.

Пиоли успеа со Милан да се врати во Лигата на шампиони (ЛШ), а сезонава се бори и за Скудетото, иако уште е рано, но со тоа заслужи нов договор.

Стратегот ќе потпише нов договор со Милан до 2024 година, а исто така Пиоли ќе заработува 3,5 милиони евра годишно плус дополнителни бонуси.

Засега не е познат датумот кога ќе биде потпишан новиот договор меѓу двете страни, но се очекува тоа да се случи во текот на следната недела.