Пиоли: Убаво му кажав на судијата што мислам за него!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Милан очигледно беше оштетен од судијата во дуелот против Челси (0-2), откако на Фикајо Томори му беше покажан црвен картон во 18. минута.

Томори направи прекршок за пенал врз Мејсон Маунт, но сепак судијата покажа престрога казна за дефанзивецот на „росонерите“.

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли беше бесен поради одлуката на судијата, па реши да реагира.

„Му кажав на судијата што мислам за него. Мојот англиски не е најдобар, но дефинитивно ме разбра. Имавме шанси да се вратиме во мечот, но сепак не успеавме. Ова е лош резултат, но судбината е во наши раце. Ако сакаме да играме во осминафинале, тогаш мора да победиме на следните два меча“, кажа Пиоли.