Пирло: Во Јувентус уште му се смеjат на Јунајтед


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пирло открива што се случувало на еден тренинг додека тој беше во Јувентус.

Тој добро се сеќава на првиот тренинг кога Пол Погба дојде во Јувентус.

„Како вчера да беше, прво се здогледавме а потоа почна и смеењето. Мислам дека во Јувентус и уште се смејат. Како може бесплатно да пуштиш таков играч, тоа беше поклон од небо“ – изјави Андреа Пирло

Додаде дека и Погба ќе направи разлика после рекордниот трансфер.

„Со него се први кандидати за титула, тој е фудбалер кој прави разлика, а тоа на сите ни е јасно“ – додаде Пирло

Пол Погба го пропушти првиот дуел против Бурнмут поради суспензија која ја носи од италијанскиот куп, но во петок против Саутемптон би требало да заигра.