Пјаниќ ќе одбие два гиганти од Премиер лигата за да го оствари својот сон


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерот од средниот ред на Јувентус, Миралем Пјаниќ ќе ја одбие можноста да се пресели во Челси или Манчестер Јунајтед затоа што пред себе има своја цел.

Пјаниќ сака да направи трансфер во Барселона, и голема е веројатноста дека ваквото  нешто ќе се случи по крајот на сезоната.

Токму затоа, Пјаниќ ќе одбие шанса да се пресели во Лондон или Манчестер. Јувентус планирашеда преговара и со Челси и со Манчестер Јунајтед, а во преговорите да го вклучи и Пјаниќ, но самиот играч одбил да се преговара со овие тимови.

Клубот од Торино од Челси го посакува Жоржињо, додека од Манчестер Јунајтед го посакува Пол Погба и за двата трансфери размислуваше да го вметне Пјаниќ како една од опциите за да се намалат цените на играчите.