Пјаниќ нема да биде омилен кај фановите на Барселона по една изјава од минатото


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Миралем Пјаниќ се договори со тимот на Барселона и од следната сезона ќе игра во каталонскиот гигант.

Трансферот не е официјално објавен, но се очекува тоа да се случи следните денови откако босанскиот интернационалец ги помина медицинските прегледи со Барселона.

Но, навивачите на каталонскиот клуб нема да го дочекаат со почести Миралем Пјаниќ поради неговата изјава од минатото.

„Јас сум фан на Реал Мадрид уште од времето на Зидан и Луис Назарио Роналдо.  Тоа е мојот омилен клуб и секогаш ќе биде така“,- изјави Пјаниќ во 2009 година, а сега 11 години подоцна ќе игра за најлуитиот ривал на „кралскиот клуб“.