„Пјаца рече ДА на италијански гигант“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Марко Пјаца одигра одлично во победата на Хрватска над Шпанија на ЕП во Франција.

Голем број на клубови, како Рома и Ливерпул, сакаат да го доведат 21-годишниот фудбалер на Динамо.

Но, италијанските медиуми пишуваат дека Пјаца рече ДА на гигантот од Сан Сиро и дека преферира заминување во редовите на Милан.

Медиумите од Апанините наведуваат и фактот дека Адријано Галијани е во многу добри односи со Марко Налетилиќ, кој е менаџер на бисерот од Максимир.

Меѓутоа, Милан ќе мора да издвои барем 20 милиони евра ако сакаат да го видат Пјаца во црвено-црниот дрес, со оглед дека Загребчанецот има договор со Динамо до јуни 2019 година.

Да потсетиме, репрезентативецот на Хрватска во минатата сезона вкупно одигра 42 натпревари за шампионот на Хрватска, а постигна 12 голови, со шест асистенции.