Пјер Вебо зборуваше за инцидентот во Париз: Првпат се соочив со таква ситуација!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Големо внимание неделава привлече прекинот на натпреварот во Лигата на шампиони меѓу ПСЖ и Башакшехир.

Натпреварот кој се играше во вторникот беше прекинат поради расистички испад на романскиот судија Себастијан Колетску, кој го навреди помошникот тренер Пјер Вебо.

Вебо се јави по тоа што се случуваше и во разговор за „Дејли Мејл“ вели дека неколку дена по големиот скандал се чувствува подобро.

„Можете да забележите по мојот глас дека сум смирен. Кога ја гледам снимката и своето лице, тоа што го направив и бев агресивен. Првпат се гледам во таква ситуација. Не паметам да сум бил во слична досега“, кажа Вебо.

Вебо потоа зборуваше и за судијата од Романија.

„Со оглед на местото каде што седев лесно можеше да каже – тој третиот, исфрли го. Тоа е лесно да се направи, но очигледно за него беше полесно да го каже тоа другото“, вели Вебо.