Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Еден од кандидатите за претседател на УЕФА Александер Цеферин смета дека основањето на Суперлигата, која сакаат да ја играат големите европски клубови, ќе предизвика вистинска војна.
Веќе почнаа преговорите за промена на форматот на ЛШ. Најдобрите тимови во Европа сакаат да играат еден против друг во лигашки систем на натпреварување, и сакаат да формираат Супер лига.
Меѓутоа, Цеферин кој е претседател на Фудбалскиот сојуз на Словенија смета дека овој потег на европските гиганти ќе доведе до војна со УЕФА, но и до можноста до гасење на ЛШ.
„Тоа е најважно прашање кое го чека идниот претседател на УЕФА. За мене лично, таа опција за затворена лига со неколку клубови и без можност за влез на други, не доаѓа во предвид.
Ако сакаат повеќе пари, може да разговараат за тоа, но мора да бидат вклучени повеќе клубови“, рече Цеферин за ББС.
Големите тимови веќе одамна сакаат да основаат сопствена лига, што ќе значи крај на ЛШ, бидејќи тие најдобрите ќе имаат меѓусебни дуели, додека на другата страна ќе останат клубови кои имаат помало значење во европски рамки.