По 10 години, Мурињо откри што му шепна на Пеп за време на „култниот“ натпревар


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На десетгодишнината од освојувањето на тројната круна, на Жозе Мурињо со Интер даде интервју за „Газета Дело Спорт“ во кое потсети на бројните „авантури“ од времето што го помина на кормилото на Нероаѕурите.

Особено интересно беше неговото сеќавање за полуфиналето на Лигата на шампионите со Барселона.

Интер го доби првиот меч 3:1, но реваншот на Ноу Камп започна лошо за тогашниот тим на Мурињо.

Не се играше ниту половина час кога Интер остана со десет играчи поради црвениот картон за Тијаго Мота.

Мурињо сега, 10 години подоцна, откри што му шепна на неговиот голем ривал во тоа време, тогашниот стратег на Барселона, Пеп Гвардиола.

“Кога Бускетс падна на земја како да е погоден, јас бев помеѓу мојата клупа, клупата на Барселона и местото каде Мота го напушти теренот. Од крајот на моето око ја видов клупата на Барселона како слави, како да победија. Гвардиола го повика Ибрахимовиќ да разговара за тактиката за 11 до 10 … Само му реков: Не слави сега, затоа што сè уште не е готово “, рече Мурињо, додавајќи:

„Тој пораз беше најсладок во мојата кариера. Моравме да најдеме решение на теренот и на крајот не загубивме 1:0, но победивме со 3:2 во епски услови“.

Патем, реваншот на Ноу Камп тогаш заврши со минимална победа за Барселона, 1:0, што беше доволно Интер да помине во финалето.

Во финалето, Интер беше подобар од Баерн во 2010. година и стигна до престижниот трофеј.