По одличниот старт сите го гледаат Атлетико како фаворит за титулата во Ла Лига, со изјава се јави и Симеоне


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Атлетико Мадрид на совршен начин ја отвори новата сезона во Ла Лига и нанижа три победи од исто толку натпревари во шпанскиот шампионат.

По првите три кола веќе многумина ги гледаат „Јорганџиите“ како први фаворити за титулата, посебно по лошите натпревари кои ги имаа Реал Мадрид и Барселона.

Со коментар се јави и Симеоне кој  истакна дека тимот од 2014 година бил многу подобар од сегашниот и најави дека за сегашниот тим секој натпревар е како финале.

„Повторувањето на совршениот почеток на Ла Лига не е важен. Тогаш бевме подобри бидејќи во нашиот тим имавме играчи како Раул Гарсија, Тијаго и Габи, а сега моите играчи се многу млади. Имаме млади играчи како Томас Парти, Жоао Феликс, Томас Лемар, Ренан, Лоди, Марко Ермосо, Саул.. Кога ја освоивме лигата во 2014 година моите играчи беа многу позрели и подобри, сега градиме тим за кој секој натпревар е финален“ –истакна Симеоне.