По пласманот на ПСЖ во финалето на Лигата на шампионите поради една причина го исмејуваа Буфон


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На никого не му беше потешко синоќа по полуфиналната победа на ПСЖ во Лигата на шампионите од колку на Џанлуиџи Буфон.

Неверојатно е колку нема среќа овој човек во својата кариера во последните неколку години.

Имено, тој не го освои трофејот во Лигата на шампионите во кариерата, па во обид да го освои минатата сезона, го напушти Јувентус и замина во ПСЖ.

Сепак, ПСЖ тогаш беше елиминиран од Лигата на шампионите, па Буфон реши да се врати дома во Јувентус по само една година во Франција.

Тој го одбра погрешниот момент за тоа, затоа што ПСЖ синоќа се пласираше во финалето на Лигата на шампионите, и тие ќе имаат голема шанса да го освојат овој трофеј, а Буфон би бил најголемиот губитник во целата приказна.