По тежок пад од мотор почина 19-годишен швајцарски возач!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Од Италија ни пристигнаа тажни вести затоа што Џејсон Дупаские, кој имаше само 19 години, почина во Фиренца по страшен пад во текот на квалификациите од Мото 3 трка.

Швајцарскиот возач по падот на патеката останал без свест, по што беше префрлен со хеликоптер во болница, а во текот на минатата ноќ заврши на операција, која не успеа да ја преживее поради компликации на главата.

Инцидентот на патеката се случи во завршницата од квалификациите, кога Дупаские загуби контрола врз моторот и падна, а зад него Сасаки се обиде да го избегне и исто така изгуби контрола врз моторот, но не заработи потешки повреди.