Победа не чекаше долго и го ангажира Јане Николоски


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот македонски голман Јане Николоски е нов тренер на второлигашот Победа од Прилеп, каде што го наследи Филип Мирчевски.

Мирчевски поднесе оставка по лошите резултати на стартот на сезоната во Втората лига, па главна задача на Николоски ќе биде да направи напредок во следниот период.

Николоски има богата фудбалска кариера бидејќи играше за многу тимови, а пред враќањето во Прилеп работеше како спортски директор на Шкупи.