Почина легендарниот Чиро Блажевиќ!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ужасна вест утрово го потресе регионот и целиот фудбалски свет откако хрватските медиуми објавија дека починал легендарниот тренер Чиро Блажевиќ.

Блажевиќ се бореше со долга и тешка болест од 2011 година и притоа двапати ја победуваше, но немаше сила за трето чудо.

Легендарниот хрватски тренер е роден во 1935 година, а најголемиот успех го имаше со репрезентацијата на Хрватска со која избори четвртфинале на Европското првенство (ЕП) во 1996 година.

Во текот на кариерата тренираше многу екипи, меѓу кои се Динамо Загреб, Риека, Нант, Хајдук и други.