Почина првиот фудбалер заболен од Ковид-19!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Боливискиот фудбал е во жалост откако вчера почина фудбалер на второлигашки клуб, поранешен претседател и менаџер кои биле болни од Ковид-19.

Младиот Деиберт Франс Роман Гузман, кој настапуваше за второлигашот Универзитет Тринидан, ја загуби битката со ковид-19.

Загубата е уште потешка бидејќи од вирусот починале и неговиот татко Белизарио Роман, поранешен претседател на клубот и неговиот вујко Луис Кармело Роман, менаџер на Депортиво.

Во градот каде што починаа веќе има 1.200 заразени и 77 лица кои го загубиле животот. Според последните информации во Боливија се забележани околу 8.500 случаи на Ковид-19.