Почина првиот Македонец кој настапи на СП, Кирил Дојчиновски


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Едно од најголемите имиња во македонскиот фудбал, Кирил Дојчиновски почина на 78-годишна возраст.

За Македонија ќе остане како прв човек кој настапил на Светско првенство (СП), и тоа во рамки на југословенската репрезентација.

Дојчиновски е роден на 14 октомври во Скопје, а првите фудбалски чекори ги направил во Вардар, каде што играл од 1962 до 1967 година.

Потоа Дојчиновски се сели во Црвена Звезда, каде што игра седум години, а притоа останал активен и во четвртата деценија од животот и играл во Троја и ФЦ Париз.

Во период од 1970 до 1974 година бил стандарден член на репрезентацијата на Југославија, а притоа бил и четирикратен првак на Југославија.