Почна судењето на Гигс поради напад на поранешната девојка


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Пред судот во Манчестер почна судењето за поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Рајан Гигс кој е обвинет за напад на поранешната девојка.

Гигс е обвинет дека на 1 ноември 2020 година ја нападнал Кејт Гренвил, при што се здобила со тешки телесни повреди во неговиот дом во Манчестер.

Поранешниот фудбалер, исто така, е обвинет за напад на нејзината помлада сестра Ема за време на инцидентот.

Против Гигс има обвиненија и за „контролирање и присилно однесување“ против својата поранешна девојка во период од август 2017 до ноември 2020 година.

Се очекува судењето во Манчестер да трае до 10 дена, а Гигс веќе ги отфрли обвинувањата.