Почнаа преговорите: Алегри наскоро се враќа на работа?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Италијанскиот тренер Масимилијано Алегри ги „наполни батериите“ откако го напушти Јувентус по пет освоени титули во Серија А, а „Газета дело Спорт“ објави дека тој е подготвен за нов предизвик.

Не е тајна дека Алегри е желба на многу клубови, но еден е посебно упорен. Станува збор за ПСЖ, чиј спортски директор наводно веќе контактирал со Алегри.

Алегри, сепак, сака да се врати во Италија, каде што живее неговото семејство, но тешко дека ќе добие понуда од некој амбициозен клуб,.

Доколку го прифати повикот од Франција, Алегри ќе го замени Томас Тухел за чие заминување веќе долго време се шпекулира, откако се скара со ѕвездата на тимот, Килијан Мбапе.