„Почнав да пијам секоја вечер додека бев во Јунајтед, сакав сè да заборавам“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англискиот фудбалер Џеси Лингард никогаш не го исполни целосно својот потенцијал во Манчестер јунајтед, но имал и сериозни проблеми со кои се соочувал.

Лингард кажа дека врз него влијаеле критиките од навивачите, додека морал да ги чува и неговите браќа и сестри поради мајка му која имала депресија.

„Почнав да пијам секоја вечер пред спиење. Кога ќе се сетам, сакав да го оставам фудбалот. Морав да направам нешто за да прекине болката. Сакав да заборавам на проблемите, а алкохолот само ми правеше поголеми проблеми“, кажа Лингард.