Почнува новата ера – Новиот идол на Сан Паоло ќе биде Аркадиуш Милик! На Ајакс и до 35 милиони евра


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Полскиот репрезентативец во четврток ќе стигне во Неапол на медицински прегледи.

Преку ноќ Гонзало Игуаин го помина патот од икона до најомразен човек во Наполи, но кога Пипита ја облече црно-белата деветка навивачите на Наполи го дознаа новиот напаѓач.

Утрото трансферот беше далеку од реализација, но сега Скај соопшти и потврди дека Аркадиуш Милик во четврток ќе стигне во Неапол на медицински прегледи.

После напорните преговори сите детали се јасни. Милик ќе потпише 5-годишен договор вреден помеѓу 4 и 4.5 милиони евра зависно од бонусот кој ќе биде активиран, а Ајакс ќе добие помеѓу 25 и 35 милиони евра. Најверојатно Наполи ќе плати 30 милиони евра плус 5 милиони евра бонус.

Во случај трансферот да биде 35 милиони евра Милик ќе биде најскап продаден фудбалер од холандскиот фудбал бидејќи сегашниот рекорд го држи Мемфис Депај за кој Манчестер Јунајтед плати 1 милион помалку.

 

Колку е квалитетен Милик докажува дека е најмладиот фудбалер кој постигна барем 30 погодоци две по ред сезони во Холандија, но зеде учество во 65 погодоци во 76 одиграни натпревари за Ајакс во сите натпреварувања – 47 погодоци и 18 асистенции.