Подгответе се: Кабиб и Фергусон ќе се борат на Месечината!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Борбата меѓу Хабиб Нурмагомедов и Тони Фергусон веројатно нема да се организира во Бруклин.

Поради пандемијата од коронавирусот , сите јавни собири беа откажани и така ќе биде на 18. април, кога е закажан мечот за титулата.

Сигурно е дека натпреварот ќе биде преместен некаде на друго место, и бидејќи навистина е тешко да се најде вистинската локација среде пандемија, некој реши да направи илустрација на Хабиб и Тони кои се борат на Месечината.

Идејата му се допадна на претседателот на УФЦ, Дани Вајт, кој со насмевка коментираше на Твитер:

„Подгответе се“ …

Точната локација на борбата ќе биде објавена во наредните неколку дена, а засега Дубаи е опција.