Подобар од Меси, а игра за Вест Хем (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Џејмс Колинс од девет гола во кариерата во Премиер лигата, дури четири даде на Челси.

Фудбалерите на Челси не го победија Челси на стартот од Премиер лигата, но играчот на Чеканите Џејмс Колинс ќе има барем една причина да биде задоволен, поради тоа што даде гол (2:1). Но, тоа и не е големо изненадување, поради тоа што од вкупно девет гола во Премиер лигата во кариерата, сметајќи го и вечерашниот, дури четири пати ја тресеше мрежата на лондонските Сини.

За работата да биде интересна, се работи за играч кој игра на позиција централен дефанзивец, а вечерва уште еднаш покажа колку добро умее да се снајде во противничкиот казнет простор, поготово ако тој припаѓа на Челси.

А уште еден податок дава дополнителна тежина на оваа приказна – Колинс по овој параметар е подобар играч дури и од асот на Барселона Лионел Меси. Аргентинецот во досегашната кариера не успеа да ја затресе мрежата на Челси, а играше против лондонскиот клуб дури осум пати, се во ЛШ. Нормално, не е за споредување, но делува симпатично и навивачите на Вест Хем одма почнаа со вакви констатации на друштвените мрежи.

За разлика од него, Колинс првиот гол на Челси го даде уште на 9 април 2006 година во поразо од 4:1.Следниот погодок на Сините беше на 17 октомври 2009 година, додуша тогаш во дресот на Астон Вила, а потоа на 31 март 2012 година повторно како играч на тимот од Бирмингем ја затресе мрежата.

https://www.youtube.com/watch?v=97mo70yOfKM